Утрински Весник
Спорт

Дали ВАР се користи само против Барселона?

Дали ВАР се користи само против Барселона?

По поразот од Реал Мадрид во „Ел класико“ со 1:3, сите во Барселона се уверени дека главната причина е поради користењето на ВАР технологијата против нивниот тим по пеналот кој беше досуден за фаулот на Клемен Ленгле над Серхио Рамос.

Тренерот Роналд Куман беше бесен на одлуката да се досуди пенал на 1:1 и директно отиде кај судијата Мартинез Мунуера прашувајќи го: „Зошто? Кажи ми виде ли минатата недела против Хетафе, два картони? Само за тоа се користи ВАР“.

По мечот, Холанѓанецот продолжи со расправијата.

„Секако дека не се согласуваме, тоа не беше пенал. Се надевам дека еден ден ќе ми објаснат како се користи ВАР во Шпанија. Имаме пет меча во кои ВАР се користи само против Барса. Не добивме пенал над Меси против Севилја, два црвени картони против Хетафе. Зошто се користи само против Барса? ВАР треба да е супер, но само ако се користи за сите тимови. Не ми е проблем тоа што фудбалерите на Мадрид вршат притисок на судијата, но тие ја носат конечната одлука“, вели Куман.

> Дали ВАР се користи само против Барселона? <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига