Утрински Весник
Спорт

Далиќ: Никого не потценуваме, знам што треба да направиме

Далиќ: Никого не потценуваме, знам што треба да направиме
Dik 300x250 mk

Фудбалската репрезентација на Хрватска на Светското првенство во Катар ќе игра против Мароко, Канада и Белгија. Селекторот на актуелниот вице-првак, Златко Далиќ, вели дека е задоволен од ждрепката и дека прва цел е да се помине групата.

„Да речеме дека сум задоволен. Не можевме да очекуваме дека ќе добиеме лесна група, сепак овде учествуваат најдобрите репрезентации. Белгија три години беше број 1 на ФИФА листата, Канада доминираше во својата квалификациска зона, а Мароко го предводи Вахид Халилхоџиќ, знак каков тренер е тој. Успешен тренер, со четири репрезентации успеал да се квалификува на СП“, рекол Далиќ и потоа го коментирал распоредот на Хрватска.

„Задоволен сум. Прво играме со Мароко, потоа играме со Канада. За крај следува дуелот со Белгија. Ќе повторам знаеме што треба да направиме, не смееме никого да потцениме. Одиме чекор по чекор. Оптимист сум, верувам во нас“, рекол Далиќ.

> Далиќ: Никого не потценуваме, знам што треба да направиме <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето