Утрински Весник
Спорт

Даде гол и сакаше да го бакне клупскиот грб – модерните дресови го немаат тоа

Даде гол и сакаше да го бакне клупскиот грб – модерните дресови го немаат тоа

Познатиот германски производител на спортска опрема „Пума“ неодамна ги изненади фановите со необичните дизајни на фудбалски дресови.

На друштвените мрежи имаше многу реакции кога беше претставена третата гарнитура дресови на Манчестер Сити, Борусија Менхенгладбах, Валенсија, марсеј, Милан и Фенербахче.

На дресот јасно не се гледа клупскиот грб, туку во форма на принт е по целиот дрес, а на предниот дел е испишано името на клубот.

Токму тој дрес синоќа го носеа фудбалерите на Фенербахче на мечот против Хелсинки во квалификациите за Лига Европа.
По единствениот гол на мечот што го постигна домашниот тим имаше урнебесна сцена. Мухамед Гумускаја (20) сакаше да го прослави голот и се обиде да го бакне клупскиот грб, но не можеше да го пронајде.

> Даде гол и сакаше да го бакне клупскиот грб – модерните дресови го немаат тоа <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина