Утрински Весник
Свет

Г7 денеска за продолжување на рокот за евакуација од Авганистан

Г7 денеска за продолжување на рокот за евакуација од Авганистан

Лидерите на Групата седум (Г7) ќе разговараат за потенцијалното продолжување на рокот за евакуација на илјадници луѓе кои се обидуваат да го напуштат Авганистан, кој истекува на 31 август, како и дали ќе ја признаат талибанската влада или ќе воведат санкции против неа.

Лидерите на Соединетите Држави, Британија, Италија, Франција, Германија, Канада и Јапонија, кои ќе одржат виртуелен состанок подоцна денеска, би можеле да одлучат за заедничко официјално признавање или обновување на санкциите со цел да ги принудат талибанците да ги исполнат ветувањата за почитување на женските права и меѓународни односи, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози