Утрински Весник
Свет

Гутереш ќе се сретне со Путин и Лавров во Москва

Гутереш ќе се сретне со Путин и Лавров во Москва
Dik 300x250 mk

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска во Москва ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, по повод руската специјална воена операција што е во тек во Украина.

Ситуацијата во Украина најверојатно ќе биде главна тема на разговор во Москва, каде Гутереш ќе допатува од Турција, по вчерашната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко претходно денеска изјави дека Москва очекува со Гутереш да разговара за ситуацијата во Мариупол и областа на фабриката за челик Азовстал.

Портпаролот на ОН Фархан Хак вчера потврди дека се очекува Гутереш да го покрене прашањето за ситуацијата во Мариупол за време на неговата посета на Москва и Киев.

Минатата недела Гутереш повика на четиридневна пауза во Украина од Велики четврток до крајот на неделата, православен Велигден, за да им се овозможи на цивилите да излезат, а хуманитарните конвои да пристапат до Доњецк, Луганск, Мариупол и Херсон.

По средбата со Путин и Лавров, тој ќе отпатува за Киев, каде ќе се сретне со претседателот на Украина, Володимир Желенски и со министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот