Утрински Весник
Свет

Гутереш: Конфликтите во светот мора итно да престанат

Гутереш: Конфликтите во светот мора итно да престанат
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш предупреди дека конфликтите во светот мора итно да се запрат, затоа што пандемијата на коронавирусот не само што го загрозува напредокот во борбата против гладот ​​и сиромаштијата во светот, туку исто така се заканува дека ќе ги продлабочи постојните конфликти и ќе поттикне избувнување на нови.

На состанокот на Советот за безбедност на ООН  тој изјави дека неговиот последен апел од 23 март за итен прекин на огнот во сите конфликти на планетата со цел човештвото да се избори против пандемијата на коронавирус, резултираше со бројни примери на намалување на конфликтите и прекинување на вооружените операции, пренесе АП.

„За жал, во многу случаи, пандемијата не беше доволна причина за спротивставените страни да се договорат за постојан прекин на огнот и прекин на непријателствата“, додаде Гутереш.

Неговиот претходник на чело на светската организација, Бан Ки-мун изјави дека е неверојатно како милијарди луѓе во светот биле успешно изолирани со примена на итни мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, но престанок на вооружените конфликти и непријателства не е постигнат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони