Утрински Весник
Свет
Img 7972

Гутереш: Зголемена е опасноста од нуклеарен конфликт

Гутереш: Зголемена е опасноста од нуклеарен конфликт
300x250 opst2

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека неодамнешното зголемување на нивото на подготвеност на нуклеарните сили во Русија ја зголемило опасноста од нуклеарен конфликт.

Тој рече дека ова е развој на настани што ја замрзнува крвта во вените и дека она што некогаш било незамисливо се вратило на возможното.

Гутереш најави дека Обединетите нации ќе одвојат дополнителни 40 милиони долари за зголемување на хуманитарната помош за Украина, пренесе Би-Би-Си.

Говорејќи во Њујорк, тој рече дека средствата ќе помогнат да се испорачаат критичните резерви на храна, вода, лекови и други витални резерви во земјата, како и да се обезбеди финансиска помош за оние на кои им е потребна.

Генералниот секретар на ОН предупреди дека понатамошната ескалација на конфликтот во Украина, без разлика дали е случајна или намерна, му се заканува на целото човештво.

Гутереш повика и на итен прекин на непријателствата и сериозни преговори врз основа на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право.

Можете да прочитате

Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

Меланија Трамп: Путин одговори на моето писмо, украинските деца се вратија кај семејствата

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври