Утрински Весник
Свет

Гугл лажно ги информирал корисниците за собирањето на нивните податоци, пресуди австралискиот суд

Гугл лажно ги информирал корисниците за собирањето на нивните податоци, пресуди австралискиот суд
Dik 300x250 mk

Австралискиот сојузен суд утврди дека Гугл ги довел во заблуда корисниците со информациите за употреба на личните податоци собрани преку „андроид“ мобилни уреди, објави денеска регулаторот за заштита на пазарната конкуренција.

Судот заклучил дека Гугл погрешно тврдел оти може да собира само информации од историјата на локациите, во периодот меѓу јануари 2017 до декември 2018 година, соопшти регулаторното тело ACCC.

Собирањето, складирањето и користењето на податоците било овозможено и преку опција за контрола на активностите на интернет и во апликациите, кога таа е вклучена, а на уредите била вклучена автоматски, според ACCC.

Корисниците не биле известени дека исклучувањето на историјата на локациите, додека е овозможена опцијата „Web & App Activity“, му овозможува на Гугл и натаму да продолжи да собира податоци, утврдил судот.

Регулаторот посочил дека ќе бара казна за Гугл, но не ја прецизирал сумата.

Портпаролката на Гугл изјавила дека размислуваат за правни лекови за пресудата, вклучително и жалба.

Технолошкиот гигант водеше правна битка во Австралија во последните месеци и во врска со владиниот закон според кој Гугл и Фејсбук треба да им плаќаат на медиумските компании за содржината објавена на нивните платформи, потсетува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците