Гувернерката на Токио, Јурико Коике, изјави дека е уверена дека градот ќе може безбедно да биде домаќин на Олимписките игри следната година, и покрај неодамнешниот пораст на бројот на заразени со коронавирус во Јапонија.
Во Јапонија има зголемување на бројот на заразени лица кои надминуваат 2.000 случаи на ден, додека владата се обидува да избалансира превентивни мерки и деловни активности без да и наштети на економијата погодена од пандемијата.
„Како град домаќин, решена сме по секоја цена да ги одржиме Олимписките игри “, рече Коике на прес-конференција.
Таа го рече тоа една недела откако претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, го посети Токио, каде што одржа серија разговори со јапонски официјални лица, вклучувајќи го и гувернерот, за да ја покажат нивната решеност да ги организираат Игрите.
Коике рече дека широко распространетата употреба на заштитни маски кај населението е една од најефикасните безбедносни мерки што ја поштедија Јапонија од високата стапка на инфекции што избувнаа во САД и Европа.