Утрински Весник
Спорт

Гуангпу олимписки првак во ариалс, Украина го освои првиот медал во Пекинг

Гуангпу олимписки првак во ариалс, Украина го освои првиот медал во Пекинг

Вистинско шоу на Зимските олимписки игри во Пекинг приредија натпреварувачите во слободно скијање, во дисциплината ариалс. На голема радост на домаќините златниот медал го освои Чи Гуангпу.

Гуангпу за брилијантниот скок во финалето доби оценка 129.0 и стана нов олимписки првак.

Второто место му припадна на Украинецот, Олександер Абраменко. За Украина ова е првиот медал на ЗОИ во Пекинг.

Бронзата заврши кај Русинот, Иља Буров.

> Гуангпу олимписки првак во ариалс, Украина го освои првиот медал во Пекинг <

Можете да прочитате

Лазаров: Со максимален ангажман до пласман на Светското првенство

Трета европска титула за Данска

Избран „Ол стар тимот“ на Европското првенство – Гидсел со наградата МВП