Утрински Весник
Македонија

Грчкото МНР: Очекуваме доследно почитување на Договорот од Преспа

Грчкото МНР: Очекуваме доследно почитување на Договорот од Преспа

Се надеваме и очекуваме доследно почитување на Договорот од Преспа како еден од критериумите за процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската унија (ЕУ), изјави портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Александрос Папајоану.

Запрашан да го коментира барањето на ВМРО-ДПМНЕ да не ја вклучува придавката „северна“ во личните карти, Папајоану рече дека не сака да коментира што вели опозицијата во Северна Македонија.

„Се надеваме и очекуваме доследно почитување на одредбите од Договорот од Преспа. Не би сакал да коментирам што вели ВМРО-ДПМНЕ во овој случај“, рече портпаролот на грчкото МНР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лимани со Ахмети и Таравари на ифтар кај Рама во Тирана

Петровска: Како една од 120 пратеници им се извинувам на родителите од Кочани

Трагедија во Тафталиџе: Детето тропало по врати и барало помош