Утрински Весник
Свет

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква.

„Задната врата“ што ја отвори вселенскиот патријарх Вартоломеј, се чини дека не е затворена во време на објавувањето на томосот за автокефалноста на расколничката црква во Украина, што предизвика негодување и тага кај милиони православни христијани ширум светот.  На овој начин, грчките црковни кругови ги коментираат барањата на македонските власти до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква, пишува „Спутник“.

Според Дмитрис Целегидис, професор на Аристотелскиот богословски универзитет во Солун, прашањето за автокефалноста очигледно е прашање на Српската православна црква.

„Сè е апсолутно јасно. Ова прашање очигледно е во надлежност на Српската православна црква. Ако Вселенскиот патријарх започне да ја признава автокефалноста, тогаш тој ќе ги надмине авторитетите, како во случајот со Украина. Ваквите потези на црквата создаваат само проблеми”, нагласува професорот.

„Бидејќи не ја признаваме соседната земја како Северна Македонија, како може да очекувате да ја признаеме македонската автокефалност? Во Скопје нема „македонска црква”. Според мое лично мислење, патријархот Вартоломеј не треба да им дава автокефалност”, изјави митрополитот на Флорина, Теоклит.

Извори од круговите на грчката православна црква блиски до Светиот синод тврдат дека грчката православна црква ќе ја следи волјата на патријархот Вартоломеј, како во случајот со давање автокефалност на украинската црква.

На крајот на 2019 година, поранешниот висок претставник на грчката православна црква за „Спутник“ изјави дека грчката православна црква нема да може да се спротивстави на постоењето на независна македонска црква. Ова се должи на фактот дека грчките архиепископи го изгубија правото на вето кога го признаа правото на Патријархот да дава автокефалност во целост.

Протоереј Теодорос Зисис, професор по теологија на Универзитетот Аристотел во Солун, ги коментираше постапките на Вартоломеј, велејќи дека „Вартоломеј се обидува да ја добие поддршката на мнозинството во црковниот свет создавајќи свои цркви и се обидува да ги ослаби и српската и руската црква“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта