Утрински Весник
Македонија

Грчките медиуми за датумот за предвремени избори кај нас

Грчките медиуми за датумот за предвремени избори кај нас

Атина, 16 јуни 2020 (МИА) – По долги и интензивни полемики за одредување датум за предвремените парламентарни избори, владата и опозицијата се договорија да се одржат на 15 јули, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА во текстот за изборите кај нас, кој го презедоа голем дел медиумите во Грција.

„Бел чад во Скопје: Заев и Мицкоски се договорија за избори на 15 јули“; „Северна Македонија: на 15 јули парламентарните избори“; „Северна Македонија: Коцката е фрлена за датумот за предвремените избори“; „На 15 јули парламентарните избори во Скопје“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

АНА-МПА, во текстот објаснува дека изборите по првпат ќе се одржат во среда, а потсетува дека првичниот термин беше 12 април.

Паралелно, пишува дека и „претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во неговата писмена изјава го поздрав договорот постигнат меѓу политичките партии“.

Онлајн изданието на грчкиот весник „Етнос“ пишува дека земјата од февруари е без Собрание и објаснува дека од почетокот на јануари постои техничка влада.

На 15 јули ќе се одржат изборите во Северна Македонија, четири месеци по нивното распишување и затворањето на Собранието, а земјата брои 193 починати од коронавирусот, наведува „Етнос“. ср/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“