Утрински Весник
Свет

Грчките власти присилно презедоа две приватни клиники за лекување на пациенти со Ковид-19

Грчките власти присилно презедоа две приватни клиники за лекување на пациенти со Ковид-19
Dik 300x250 mk

Грчките власти презедоа две приватни клиники во Солун додека јавните болници се обидуваат да се справат со зголемувањето на бројот на новозаболени од коронавирус.

Грчкото Министерство за здравство објави дека приватните болници го одбиле барањето за обезбедување кревети на доброволна основа за лекување на пациенти со Ковид-19.

„И покрај напорите, не најдовме заедничко прифатливо решение“, соопшти Министерството, додавајќи дека започнало со присилно преземање на двете клиники заедно со персоналот.

Едната клиника има 110 кревети, а другата 140.

Државата ќе исплати надомест за користење на клиниките и плати на вработените во периодот во кој тие ќе се користат за лекување на пациенти со коронавирус.

Претседателот на здружението на сопственици на приватни клиники во Грција, Григорис Сарафијанос, посочува дека приватните болници не сакаат да станат жаришта на инфекција и додаде дека на лекарите и медицинскиот персонал ќе им треба посебна обука за лекување на пациенти со Ковид-19.

Тој, исто така, изрази загриженост дека луѓето ќе избегнуваат да доаѓаат во овие две клиники кога повеќе нема да бидат наменети за заболени од Ковид-19, од страв од зараза.

Портпаролот на грчката влада, Стелиос Пекас, рече дека овие стравувања се неосновани.

Тој рече дека пациентите кои немаат коронавирус ќе бидат префрлени во соодветни клиники.

Според последните податоци, во Грција се потврдени над 85.200 случаи на заболени, од кои речиси 1.350 починале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин