Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Грчката полиција по пожарот ги преместува мигрантите во камп на Лезбос

Грчката полиција по пожарот ги преместува мигрантите во камп на Лезбос
300x250 opst2

Грчката полиција започна да ги преместува мигрантите на островот Лезбос во шаторите на новиот камп, повеќе од една недела откако пожарот го уништи најголемиот камп за мигранти, Морија, каде што досега беа.

Целта на операцијата, во која се вклучени и 70 полицајци, е да се заштити јавното здравје, соопшти полицијата.

„Акцијата започна со многу полицајци во бели костими, ситуацијата е мирна и мигрантите полека се селат во новиот камп“, рече сведок на „Ројтерс“.

Во пожарот што го зафати логорот Морија пред една недела, 12.000 лица, главно бегалци од Авганистан, Сирија и разни африкански земји, останаа без засолниште, санитарни услови и пристап до храна и вода.

Властите соопштија дека пожарот бил предизвикан од мигранти. Никој не бил повреден.

Новиот привремен шаторски камп во Кара Тепа, веднаш до островското пристаниште Митилена, е подготвен да собере најмалку 5.000 луѓе.

Официјални лица изјавија дека некои мигранти не сакаат да се преселат во новиот камп, бидејќи се надеваат дека ќе го напуштат островот.

Во средата наутро, само 1.200 луѓе се преселија, но вечерта, големи групи луѓе почнаа да пристигнуваат во кампот носејќи работи.

Министрите рекоа дека властите ќе продолжат уште неколку дена со добра волја и комуникација за да ги убедат мигрантите да влезат во новиот камп, велејќи дека нивниот премин ќе биде завршен за неколку дена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Индонезија

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати