Утрински Весник
Свет

Грција ја продолжи забраната за влез нa македонски државјани до 7 јануари

Грчките премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе се отворат по 15 август

Грција ја продолжи забраната за влез на странски државјани, вклучувајќи ги и нашите државјани, до 7 јануари. Одлуката важи за периодот од 15 декември до 7 јануари.

Врз основа на заедничката министерска одлука на грчката влада од 12 декември 2020 година, во сила е забрана за влез на странски државјани во Грција, со цел да се спречи понатамошното ширење на Ковид-19.

Оваа забрана не се однесува на државјаните на земјите членки на ЕУ и на земјите од Шенгенот.

Забраната не се однесува на медицинскиот персонал, истражувачите и здравствените работници, под услов нивниот влез во Грција да има деловни цели, лица кои подолго време престојуваат во земја членка на ЕУ или во Шенген зоната, како и оние кои имаат дозвола за престој во земјите членки на ЕУ или во Шенген зоната.

Исто така, оваа забрана не се однесува на членовите на државната делегација, персоналот на дипломатско-конзуларните претставништва и делегации, персоналот на меѓународни и европски институции, членови на хуманитарни организации за време на активностите, воениот персонал и припадниците на безбедносните сили или грчкиот Генерален секретаријат за цивилна заштита.

Забраната не се однесува на вработените во областа на транспортот, вклучително и поморскиот и речниот сообраќај, екипажот на авионите, екипажот и техничкиот персонал на противпожарните авиони, како и на возачите на камиони кои се во транзит поради транспорт на стоки, како и апсолутно потребниот персонал за нивниот транспорт.

Оваа одлука на грчката влада не се однесува на патниците во транзит, студентите кои студираат во Грција, луѓето кои се грижат за стари лица и лица со посебни потреби, како и сезонски земјоделски работници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70