Утрински Весник
Свет

Грција: Подготвена реконструкција на владата

Грција: Подготвена реконструкција на владата

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е подготвен да го реконструира кабинетот со цел да се зголеми ефикасноста на конзервативната влада.

Грција во моментов е во национална блокада со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а владата треба да се справи со последиците од пандемијата, да ги забрза економските реформи и да ја оживее економијата, наведува „Ројтерс“.

Мицотакис најверојатно ќе нагласи дека ќе го задржи континуитетот во некои сектори, како што се финансиите и министерството за надворешни работи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште

Мерц и Трамп телефонски разговараа за мировниот план на САД за Украина

Зеленски по телефонски разговор со Венс: Украина ќе работи на ниво на советници за развој на мировен план