Утрински Весник
Свет

Грција им нареди на приватните лекари да работат во државните болници поради порастот на заразени со коронавирус

Грција им нареди на приватните лекари да работат во државните болници поради порастот на заразени со коронавирус

Грција денеска им нареди на лекарите од приватниот сектор во пет региони на северот од земјата да му помогнат на нејзиниот здравствен систем бидејќи се бори со пораст на заразени лица со коронавирус.

Претходно овој месец, владата ги повика лекарите од приватниот сектор да помогнат бидејќи грчките државни болници и единиците за интензивна нега се преплавени со зголемен број на заразени во последните недели.

Грција објави 6.682 новозаразени со коронавирус и 87 смртни случаи во средата, со што вкупниот број заразени се искачи на 853.841 од почетокот на пандемијата минатата година, додека 17.012 лица починаа.

Претходно во ноември, владата воведе рестрикции за невакцинираните граѓани во обид да го спречи ширењето на заразата.

Околу 61,8 отсто од популацијата од околу 11 милиони е целосно вакцинирана, а властите се надеваа на стапка од околу 70 отсто до есен.

Можете да прочитате

Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан

Израелски министри бараат анексија на Западниот Брег по признавањето на државата Палестина

НАТО ловци повторно подигнати поради руски воен авион над Балтичко Море