Утрински Весник
Свет

Грција започна со издавање дигитален сертификат за вакцинација што ќе го олесни движењето и патувањето

Грција започна со издавање дигитален сертификат за вакцинација што ќе го олесни движењето и патувањето

Грција започна да издава дигитален сертификат за вакцинација против коронавирусот, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека тоа е уште една грчка иновација.

Мицотакис на состанокот за спроведување на националниот план на Грција за вакцинација рече дека потврдата не значи ограничување, туку дополнително олеснување за движење и патување, пренесува МИА.

Тој изјави дека сертификатот ќе служи за потврда на законската вакцинација, но и за лична употреба на граѓаните и уште еднаш го повтори својот предлог до Европската Унија за единствен сертификат во согласност со европските стандарди.

„Ова не е ограничување, но ќе ни олесни да се ослободиме од ограничувањата што во моментов ги наметнува коронавирусот за патување на европските граѓани. Тоа е нешто што ќе значи посебно за нашиот туризам и перспективите на нашата економија, особено пред летната сезона”, рече Мицотакис .

Предлогот на Мицотакис за единствен сертификат ќе се дискутира на утрешниот Самит на ЕУ, а Мицотакис изрази надеж дека ќе се постигне договор за единствен систем за сертификација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кремљ: Русија е блиску до протерување на украинските сили од Курск

Трамп: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа

Германската разузнавачка служба објави: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан