Утрински Весник
Свет

Грција ги укинува ПЦР тестовите за влез во државата

Грција ги укинува ПЦР тестовите за влез во државата

На официјалната веб-страница на Грција Лајв, се појави веста дека Грција од понеделник ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во земјава, така што за минување на границата ќе биде доволен само зелен сертификат.

– Министерот Плеврис изјави дека од понеделник, 7 февруари, во земјата без тест ќе влезат сите оние кои имаат зелен сертификат кој ќе важи 7 месеци.

Како што се вели понатаму во соопштението, зелениот сертификат подразбира дека сте биле вакцинирани или сте прележале ковид.

Можете да прочитате

Човекот на Трамп им се заканува на медиумите со одземање дозволи: „Сакаат да ја изгубиме војната со Иран“

Мерц сака руските војници да имаат забрана за влез во ЕУ

Дел од јавноста изрази загриженост за здравјето на Трамп