Утрински Весник
Свет

Грција воведе нови мерки на границите

Грција воведе нови мерки на границите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пекас рече дека на граѓаните кои имаат грчко државјанство, како и на оние кои имаат дозвола за престој во Грција, ќе им биде дозволено да влезат и да ја напуштат земјата на само шест копнени премини од 22 јули до 4 август.

Поради зголемениот број транзити на копнените граници, но и поради зголемениот број на позитивни случаи на заразени со коронавирус кои се утврдуваат на граничните премини, грчката влада, со одлука на премиерот Киријакос Мицотакис, ги заострува мерките на копнените граници од 22 јули до 4 август, кои се однесуваат на Грците и на граѓаните кои имаат дозвола за престој во земјата.

„Освен постојната одлука за грчко-бугарскиот премин Промахонас-Кулата, од 22 јули до 4 август, влез во грчката територија за итни случаи ќе биде дозволен само на граничните премини Какаваис, Кристалопигис, Евзони, Промахонас, Нимфеас и Кипи“, рече тој. Пекас додаде дека и грчките граѓани и оние кои имаат дозвола за престој ќе треба да пополнат посебен образец (ПЛФ).

Што се однесува до сезонските работници во поледелството, Пекас истакна дека во случај да ја напуштат Грција пред 4 август, нема да имаат право повторно да се вратат.

До сега, грчките граѓани можеа да влезат и излезат на сите гранични премини без никаква контрола, додека градоначалниците на пограничните градови ги советуваа Грците да избегнуваат да патуваат во соседните земји, особено во нашата земја.

„Нагласуваме дека вирусот Ковид-19 е тука и им порачуваме на сите грчки граѓани да избегнуваат непотребни движења во епидемиолошки оптоварените области, како што се оние на Балканот сега“, рече Пекас.

Тој додаде дека Грција ќе остане здравствено безбедна земја и дека грчката влада ќе преземе дополнителни мерки доколку е потребно.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична