Утрински Весник
Свет

Грција бара решителен одговор oд ЕУ: Предупредете ја Анкара

Dik 300x250 mk

Грчкиот помошник министер за надворешни работи Милтиадис Варвициотис оцени дека ЕУ „мора решително и обединето да го осуди провокативното однесување на Турција“.

Во интервју за телевизијата „Опен“, тој рече дека Брисел мора да и’ понуди на Анкара избор – деескалација или сериозни санкции.

Осврнувајќи се на вчерашните изјави на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, Варвициотис повтори дека Грција е посветена на дијалог, но не под закана со оружје, додека турските воени бродови маршираат низ Источниот Медитеран.

„Духот на дијалогот е невозможно да се негува ако сте соочени со неверојатно провокативни и потпалувачки изјави што доаѓаат од Анкара“, предупреди Варвициотис.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно