Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Грушко: Русија нема непријателски намери кон Финска и Шведска

Img 7972

Русија нема непријателски намери кон Финска и Шведска, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко.

Како што наведе, Москва е свесна за развојот на ситуацијата и дека Алијансата веднаш ќе објави потреба од распоредување на нови контингенти на северното крило, пренесе Новости.

Грушко во изјава за новинарите ја коментираше намерата на Финска и Шведска да влезат во НАТО.

– Сето тоа се вклопува во неславната потрага по непријателот, што во практична политичка и воена смисла се рефлектира во демонизацијата на Русија, припишувајќи ѝ непријателски намери на Русија кон земјите за кои е невозможно да се мисли такво нешто – рече Грушко.

На Русија и е јасно како ќе се развиваат работите кога ќе се реализира тоа членство.

– Земјите од НАТО веднаш ќе се изјаснат дека северното крило е многу ранливо, дека границата со Русија е долга 1.300 километри. Должината на границата меѓу НАТО и Русија сега достигна 1.300 километри. Таа граница треба да се заштити и затоа е неопходно да се распоредат дополнителни контингенти, објасни дипломатот, пренесуваат медиумите

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот