Утрински Весник
Спорт

Групите за Катар 2022 ќе се влечат на 1.април

Групите за Катар 2022 ќе се влечат на 1.април
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ждрепката за Светското првенство во Катар ќе се одржи на 1.април наредната година. Групите за Мундијалот ќе бидат извлечени ден по Конгресот на ФИФА во Доха. На денот кога ќе биде извршена ждрепката нема да бидат познати имињата на сите учесници на Светското првенство.

Досега пласман на Мундијалот обезбедија три репрезентации, домаќинот Катар, односно Германија и Данска од европската квалификациска зона.

Во моментот кога ќе се влечат групите, нема да бидат познати имињата на победниците во Интерконтиненталните баражи.

ФИФА, шеширите од кои ќе бидат одредувани составите на грушите ќе ги одреди според пласманот на нејзината листа.

Мундијалот во Катар ќе се одржи од 21.ноември до 18.декември 2022 година.

> Групите за Катар 2022 ќе се влечат на 1.април <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата