Утрински Весник
Свет

Група Словенци протестираа пред Европскиот парламент против Јанша

Група Словенци протестираа пред Европскиот парламент против Јанша

Група Словенци протестираа денеска пред зградата на Европскиот парламент против премиерот Јанез Јанша, барајќи заштита на владеењето на правото во Словенија, која го презеде претседателството со Советот на Европа на 1 јули.

„ Почнавме протести откако Јанез Јанша покажа дека не ги почитува демократијата и владеењето на правото. Тој ги напаѓа медиумите, невладините организации, партнерите… Во моментов, социјалниот дијалог е мртов во Словенија. Ние се бориме против тоа. Европскиот парламент испрати јасен сигнал дека Словенија не смее да стане новата Унгарија и Полска, кои го кршат владеењето на правото“, рече неименуван соговорник на загрепската Н1 телевизија.

Можете да прочитате

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Преживеани жртви на Епстин ги тужат Министерството за правда на САД и Гугл

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа