Првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска продолжи со средби со претставници на граѓанското општество од српската заедница во Република Северна Македонија.
Целта на состанокот беше информирање за процесот на Пописот и влијателните личности да водат кампања во свеста и сензибилизацијата на оваа заедница да бидат регистрирани како обврска и истовремено да ги користат правата на заедниците што произлегуваат од Охридскиот договор и Уставот на Република Северна Македонија, бидејќи на овој начин земјата ќе има поточен преглед на податоците за населението.
Груби на состанокот истакна дека општеството ќе биде еднакво кога сите ќе се посветиме на правата на другите и дека министерството што тој го води ќе остане отворено за соработка со сите заедници.
Соговорниците разговараа за начините и формите на мобилизација за да ги охрабрат граѓаните да се регистрираат во дијаспора и во земјата.