Утрински Весник
Македонија

Груби се сретна со бугарскиот амбасадор Ангелов: Историјата не треба да ја држи иднината во заложништво

Груби се сретна со бугарскиот амбасадор Ангелов: Историјата не треба да ја држи иднината во заложништво

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во својот кабинет се сретна со амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Aнгелов.

Тие разговараа и за добрососедските односи, кои се вредност за Република Северна Македонија, но и за регионот. Заедно, тие потврдија дека е потребна уште поголема посветеност во оваа насока со цел да се постигне уште поголемо приближување меѓу нашите две земји.

Вицепремиерот Груби и амбасадорот Ангелов се согласија дека Договорот за добрососедство меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија постави одлични темели за понатамошна соработка во повеќе области, но и во приближувањето на двете земји во областа на културата и на двата народа.

На средбата, исто така, беше истакнато значењето на заедничкото претседателство со Берлинскиот Процес за Западниот Балкан, процес преку кој се олеснуваат и унапредуваат конкретни чекори кон регионалниот економски развој, со што се овозможува полесно надминување на економската криза предизвикана од КОВИД-19.

Груби и Ангелов оценија дека затворањето на границите не е решение во борбата против пандемијата предизвикана од КОВИД-19, туку високата свест на граѓаните.

Во однос на спроведувањето на Договорот, Груби ги истакна заедничките регионални вредности и се фокусираше на европските вредности, наведувајќи дека историјата не смее да ја држи иднината во заложништво.

На крајот од состанокот, двајцата соговорници се согласија дека Република Северна Македонија и Република Бугарија ја продолжуваат својата заложба за зајакнување на соработката меѓу двете земји, соработка која ќе продолжи да се развива во позитивна насока и со желба да се надминат сите предизвици.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје