Утрински Весник
Македонија

Груби по средбата со Хребичкова: Испорачавме се за датум за почеток на преговори во март

Груби по средбата со Хребичкова: Испорачавме се за датум за почеток на преговори во март

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Датум без одолговлекување од ЕУ за почеток на преговорите во март годинава на Самитот во Загреб, побарал претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија Артан Груби на денешната средба со Јањина Хребичкова, специјален пратеник за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи на Република Чешка.

Груби, како што соопштуваат од Комисијата, истакнал дека парламентарното мнозинство во рамките на овој мандат, кој заврши вчера, успеал да ги исполни сите политички критериуми, но и да ги донесе реформските закони во областа на правосудството со посебен акцент на Законот за јавното обвинителство.

Во тој контекст, се посочува во соопштението, побарал без одолговлекување ЕУ да ни даде датум за почеток на преговорите во март годинава на Самитот во Загреб.

Хребичкова ја потврдила континуираната поддршка на Вишеградската група за нашите европски аспирации, чија членка е и Чешка и дека таа ќе продолжи и понатаму.

Груби за актуелните случувања во земјата посочил дека се во рамките на милјето на претстојните парламентарни избори во април.фф/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка

123 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење