Утрински Весник
Македонија

Груби на средба со британската амбасадорка: Етничката застапеност е уставно право и мора да се почитува

Груби на средба со британската амбасадорка: Етничката застапеност е уставно право и мора да се почитува

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, денеска се сртна со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, а на средбата меѓудругото истакнал дека правичната и соодветна застапеност е уставно право и дека треба да се почитува принципот: „Колку повеќе државата е лојална кон граѓаните, толку повеќе граѓаните ќе бидат лојални кон државата“.

Груби исто така посочил дека патот до неселективна правда и владеење на правото може да се постигне само преку целосна транспарентност и ветинг на јавните службеници, судиите и обвинителите.

Тој особено ги издвоил случаите „Сопот“, „Монструм“, „Алфа“ и малиот Алмир за кој рекол дека треба да добијат правична судска разрешница.

На средбата било потенцирано дека Владата останува посветена на остварувањето на своите стратешки цели, односно за исполнување на обврските од членството во НАТО и забрзување на процесот на членство во Европската Унија.

За време на состанокот со амбасадорката Галовеј, Груби изразил и оптимизам дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе прикаже добар мозаик на Република Северна Македонија во однос на застапеноста и обележјата на сите етнички заедници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дневно околу 25.000 лица влегуваат во Грција преку граничниот премин Богородица/Евзони

Турската демократска партија го напушта „Европскиот фронт“

Левица: Сериозни финансиски злоупотреби, доживотни дисквалификации, но владата на ДПМНЕ го предложи и стана претседател на одборот на директори во Телеком