Утрински Весник
Македонија

Груби на состанок со Гир: „Владата е посветена на реформите во администрацијата“

Груби на состанок со Гир: „Владата е посветена на реформите во администрацијата“

Владеењето на правото, реформите во јавната администрација и пописот беа темите на кои се осврнаа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и новиот амбасадор и шеф на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Груби рече дека досегашната соработка со Делегацијата на Европската Унија во земјава била и ќе остане на највисокото ниво. Тој го увери амбасадорот Гир дека како координатор на ресорните политики ќе обезбеди кохезија во владината коалиција и ќе ја надгледува координацијата и исходот на процеси и спроведувањето на програмата. Груби на европскиот амбасадор му пренесе дека патот на неселективната правда и владеење на правото ќе се постигне само преку целосна транспарентност и ветингот кон сите носители на јавни функции, судиите и обвинителите.

За време на состанокот помеѓу Груби и амбасадорот Гир, се разменија мислења и за динамиката на спроведувањето на реформите, кои се очекува уште повеќе да се зголемат по отворањето на преговорите со Европската Унија. По овој повод, Груби му нагласи на Гир дека Владата е посветена во спроведувањето на реформите во јавната администрација.

Амбасадорот Гир за време на состанокот со Груби подвлече дека за Европската Комисија и институциите на ЕУ, спроведувањето на реформите во судството, владеењето на правото и одржувањето на добрите меѓуетнички односи, како и добрососедските односи се исто така важни, со цел да се докажат европските вредности за време на процесот на интеграција во ЕУ.

Двајцата соговорници разговараа и за правичната и соодветна застапеност во државните институции, но и во приватните компании, домашни и странски, со акцент на уставниот принцип на фер и соодветна застапеност за сите граѓани, без оглед на нивната етничка припадност.

Груби и Гир, разговараа и за организирањето на пописот на населението, процес што тие оценија дека успешно ќе биде завршен во текот на следната година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“