Утрински Весник
Македонија

Груби и Макрадули промовираа поштенска марка во чест на Рамковниот договор

Груби и Макрадули промовираа поштенска марка во чест на Рамковниот договор

Во рамки на активностите за одбележување на 20-годишнината од Охридскиот Рамковен договор, првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби заедно со директорот на Пошта, Јани Макрадули, промовираа нова поштенска марка.

Директорот Макрадули на настанот изрази задоволство што на 20-годишнината од Охридскиот договор успеале да направат поштенска марка која, како што кажа, е испечатена во 6.000 примероци и чини 72 денара.

Груби изрази благодарност што Пошта станува дел од манифестацијата која вклучува многу активности кои се организираат во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од договорот.

„Благодарен сум кон оваа институција и кон сите оние кои стануваат дел од манифестациите за одбележување на Охридскиот договор кои ќе кулминираат на 13 август во Скопје со централната манифестација, со поканети од земјата и од меѓународната заедница како директни учесници во изработката и имплементацијата на договорот“, кажа вицепремиерот на заедничката прес-конференција.

Можете да прочитате

Херојот Иван по 24-часовна борба со огнот е во стабилна состојба

Претседателката Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон

Трајчулевски: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии