Утрински Весник
Македонија

Груби и Ахмети со честитки за Божик

Груби и Ахмети со честитки за Божик

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби преку пораки, им посакаа среќен Божик на сите православни верници.

„Посакувам овој Божик да донесе благосостојба и мир во сите семејства што слават и благословениот дух на овој празник да ги допре сите луѓе“, напиша Ахмети изразувајќи желби за посветла иднина за сите.

Груби, чеситајќи го Божик, вели дека верските празници нè потсетуваат на тоа колку сме благословени за нашиот верски соживот, кој што, како што вели, е моќна основа за нашето општество.

Ахмети додава дека Божик ги обединува семејствата како еден од основните елементи на општеството и ги приближува сите луѓе едни кон други преку вербата во Бога.

„Истовремено празникот потсетува на благословот дека разликите нè обединуваат и не прават побогати“, се вели во честитката на лидерот на ДУИ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “Support Коcani“

ЛАДЕН БРАН СРЕДЕ МАЈ: Доаѓаат обилни дождови, ветер и снег!