Потпретседателот на Владата и министер за политички систем, Артан Груби денеска го прими на проштална средба амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.
На средбата се разговарало за актуелните состојби во земјата и регионот, соработката во рамките на НАТО, билатералните односи, како и за последните случувања поврзани со процесот на евроинтеграција на земјата.
Груби, ја поздравил континуираната соработка со Унгарија, посочувајќи дека Република Македонија ја цени унгарската поддршка за добивање на датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, како и подготвеноста за споделување на експертски искуства.
Tој истакнал дека за стабилноста и безбедноста на регионот како и во контекст на новите гео-политички околности многу е значајно деблокирањето на евроинтеграцискиот процес и почетокот на преговорите за членство во ЕУ.
Груби изразил целосно уверување дека европскиот предлог за одржување на првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите за членство во Европската унија не го загрозуваат на било кој начин идентитетот, културата, историјата и македонскиот јазик.
„Политичарите се избираат за да носат одлуки, затоа потребна е смелост за донесување одлуки што ја гарантираат иднина за земјата, а не личната кариера на некој функционер. Опозицијата секогаш била против сите ставови и стратешките одлуки за земјата, а историјата докажала дека била на погрешна страна“, кажал тој.