Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Груби – Вутсас: Австрија е силен поддржувач на европските политики на Македонија

Груби – Вутсас: Австрија е силен поддржувач на европските политики на Македонија
Dik 300x250 mk

Првиот вицепремиер и Министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, Артан Груби,се сретна со амбасадорот на Австрија, Георг Вутсас.

На средбата беа високо пофалени политичките односи меѓу двете земји, а исто така и економската соработка.

Груби го извести австрискиот амбасадор дека тој и неговиот тим ќе се грижат за кохезијата во владината коалиција и дека тој ќе биде координатор на политичките ресори во Владата, вклучувајќи и усогласувањето на позициите меѓу коалициските партнери и одржувањето на консензусот.

Груби исто така му пренесе на амбасадорот Вутсас дека патот до неселективна правда и владеењето на правото може да се постигне само преку целосна транспарентност и преку ветинг на јавните службеници, судиите и обвинителите.

Амбасадорот Вутсас ја спомна и ситуацијата создадена во земјата, но и ширум светот со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19.

Вутсас му рече на Груби дека Република Северна Македонија треба да вложи максимални напори за што е можно поуспешно управување со состојбата со вирусот КОВИД-19 со цел да се врати што е можно побрзо нормализирањето на граничните премини.

На крајот на состанокот, заеднички беше заклучено дека напредокот на земјата, особено во делот на европската интеграција, бара многу одговорно однесување од сите нас, со цел што побрзо започнување на разговорите со Европската Унија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени