Утрински Весник
Свет

Гроси: Ако Украинците ни ја кажаа вистината, се случило нешто крајно сериозно

Генералниот директор на Агенцијата за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека Киев вчера официјално и соопштил на агенцијата дека проектилот прелетал над нуклеарна централа во јужна Украина на 16 април годинава.

– Украинското регулаторно тело официјално ја извести МААЕ дека на 16 април 2022 година видеонадзорот на лице место снимил лет на проектил кој лета директно над нуклеарната централа во Јужна Украина. МААЕ го истражува ова прашање, кое доколку се потврди, би било исклучително сериозно. Доколку таквата ракета залутала, би можела да има сериозно влијание врз физичкиот интегритет на нуклеарната централа и потенцијално да доведе до нуклеарна несреќа, рече Гроси.

Директорот не кажа кој го испукал проектилот, но Киев претходно ја обвини Москва дека праќа ракети директно над нуклеарните централи.

Можете да прочитате

СЗО: Над 600.000 лица, претежно деца, умреле од маларија во 2024 година

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили