Утрински Весник
Свет

Гром усмрти 16 луѓе на свадба во Бангладеш

Гром усмрти 16 луѓе на свадба во Бангладеш

Удар на гром уби шеснаесет луѓе денеска на свадбена церемонија во Бангладеш, соопштија властите.

Сватовите се симнале од чамец во градот Шибјањ, недалеку од границата со Индија, со цел да се засолнат од бурата, кога ги погодил гром, изјави владиниот комесар за тој град за агенцијата „Франс прес“.

Сакиб ал Раби рече дека шеснаесет луѓе загинале откако ги погодил гром во западната област Чапаинавабгањ ​​во рок од неколку секунди.

Невестата не е меѓу настраданите, а младоженецот е повреден.

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија