Гром удри во жена во Сплит, додека пливала во морето кај плажата Кашјуни, јавува Слободна Далмација. Службите за итна помош, пожарникарите и полицијата се на терен.
Во моментот на ударот на гром жената била во морето. Од водата ја извлекле други капачи. На местото веднаш пристигнале две екипи за итна медицинска помош.
Полицијата пријавата ја добила околу 15 часот и 15 минути.
На жената и е укажана лекарска помош на местото на настанот и е пренесена во болница каде е задржана на понатамошно лекување, и се наоѓа во животна опасност. На местото на настанот ќе се врши увид и се утврдуваат сите околности за оваа несреќа, соопшти сплитската полиција.