Утрински Весник
Свет

Гром уби цело стадо слонови во Индија

Гром уби цело стадо слонови во Индија

Во североисточната индиска држава Асам биле понајдени 18 мртви слонови, а државните власти соопштија дека животните биле усмртени од гром во заштитениот резерват Кандоли.

Локалните жители ги информирале властите откако биле пронајдени мртвите слонови, пренесува Би-би-си.

Во Индија има повеќе од 27.000 азиски слонови, од кои околу 21% се во Асам.

Ова е првпат во последните 20 години толку многу слонови истовремено да умрат во Асам.

Државните службеници изразија загриженост во врска со случајот и најавија истрага.

Можете да прочитате

НАСА го лансираше „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од 50 години

Иран: Војната ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен

Трамп: Ќе го вратиме Иран во камено доба