Утрински Весник
Спорт

Грожан: Секогаш ќе сонувам дека ќе дојде денот и ќе започнам да победувам во Формула 1

Грожан ќе остане во Хас и следната сезона
Dik 300x250 mk

Лондон, 25 јуни 2020 (МИА) – Пилотот на Хас, Роман Грожан ја искажа својата голема желба да се искачи на највисокото место на победничкиот подиум во Формула 1.

– Во мојата кариера имав брзи трки, но само резултатите можат да зборуваат за мене. Во Формула 3, се борев со Нико Хулкенберг и Камуи Кобајаши, но успеав да станам шампион. Следно, победив во Формула 2. Победив скоро секаде, освен Формула 1, и ја сакам оваа победа најмногу од сè. Сепак, во „Кралската трка“ многу зависи од болидот и неговите можности. Во секој случај, никогаш не кажувајте никогаш. Секогаш ќе сонувам дека ќе дојде денот и ќе победам. Ова можеби звучи смешно, но ако престанам да сонувам, ќе го изгубам значењето на моето учество во трките во Формула 1. За мене е важно да мислам дека ќе успеам и ќе работам напорно за да се случи ова, истакна Грожан.

Новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе почна на 5 јули во Австрија. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс