Утрински Весник
Македонија

Грковска писмено го опомена Тупанчески, но не за гратисите од ФФМ туку за односот кон јавноста

Грковска писмено го опомена Тупанчески, но не за гратисите од ФФМ туку за односот кон јавноста

Нема санкција за министерот за правда Никола Тупанески поради манипулацијата со јавноста и патувањето на туѓа сметка за Палермо на фудбалски натпревар. Ова е одлуката на вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Откако Тупанчески и ги доставил податоците кои ги побарала, Грковска му испрати писмена опомена поради односот кон јавноста, но не и за примањето подароци и делот поврзан со патувањата, кои исто така се врзуваат со Етичкиот кодекс.

„Како лице задолжено од Владата за следење на спроведување на Кодексот, а врз основа на информациите и податоците што министерот Тупанчески ги достави, заменик-претседателката Грковска констатира дека не е постапено согласно одредбите пропишани во Кодексот, при што меѓудругото, укажува дека согласно член 9 од Кодексот, носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција“, велат од Кабинетот на Грковска.

Засега е познато дека министерот Тупанчески не бил поканет, туку сам се интересирал за начинот и условите за да отпатува со чартер-летот организиран од ФФМ. По ова, тие му дозволиле да биде дел од делегацијата, па му дале и карта за на ВИП-трибина. Досега, министерот во две гостувања, не спомена дека претходно имал пракса да патува преку ФФМ или во живо да ги следи квалификационите натпревари на македонската репрезентација. Одговор од ова нема ниту од Грковска, задолжена за спроведување на Етичкиот кодекс.

Можете да прочитате

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и санкции за сторителите

Од утре нов раст на температурите

Tошковски: Лага е дека нападот врз Арсовска се случувал пред полицијата