Утрински Весник
Спорт

Грифин: Сезоната во НБА лигата нема да се откаже 

Два кинески медиума ги суспендираа преносите на НБА натпреварите заради изјави за Хонг Конг

Њу Орлеанс, 23 март 2020 (МИА) – Сезоната во НБА лигата е во прекин, најмалку, до 9 април, но потпретседателот на Њу Орлеанс, Дејвид Грифин смета дека првенството ќе продолжи и заврши со промоцијата на новиот шампион.

-Се се менува многу брзо, но моментно е рано да се зборува за кошарка. Знам дека НБА е многу оптимистичка за продолжението на сезоната и откажувањето воопшто не е опција. Се разгледуваат останати сценарија, а диверзија, секако, ќе ни биде потребна во еден момент во блиска иднина. Се додека не дојдеме до точка дека сме безбедни од коронавирусот, кошарка ќе нема. Се надевам дека што поскоро ќе ги исчистиме вирусот, рече вториот човек на „Пеликанси“.

Њу Орлеанс вчера објави дека го задржува Брендан Инграм. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026