Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Грилиш за Сити: Не очекував дека ќе биде толку тешко

Грилиш за Сити: Не очекував дека ќе биде толку тешко
300x250 opst2

Најскапиот играч во историјата на Манчестер сити, Џек Грилиш, бара уште малку време за целосно да се прилагоди во новиот клуб.

Грилиш неколку сезони блескаше во Астон Вила, што му овозможи трансфер вреден 100.000.000 фунти во Манчестер сити.

Од почетокот на сезоната постигнал три гола и забележал исто толку асистенции. За парите што ги вложија Сити очекуваа многу повеќе.

„Досега работев добро, но имам уште многу да понудам. Потешко е од она што го замислував. Се уште се прилагодувам. Разбрав дека на некои играчи им била потребна цела година за да се прилагодат на работата во Сити. Можеби и мене ќе ми биде потребно толку време“, рекол Грилиш.

„Кога ќе платата за вас 100 милиони фунти, тоа значи дека ќе ве прашаат дали навистина вредите толку, доколку минувате низ лош период. Ќе ве прашаат каде се головите и асистенциите. Го разбирам тоа, привилегија е што клубот потроши толку пари за мене, ќе се оддолжам со голови и асистенции“.

Џек Грилиш со Сити потпиша договор до јуни 2026 година.

> Грилиш за Сити: Не очекував дека ќе биде толку тешко <

Можете да прочитате

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа