Антоан Гризман по две сезони се врати во Атлетико Мадрид. Во последните минути од летниот преоден рок, Барселона го испрати Гризман на позајмица во Атлетико. „Јорганџиите“ платија 10 милиони евра, а по завршувањето на сезоната, доколку сакаат ќе можат да го откупат неговиот договор за 40 милиони евра.
Гризман, во периодот од 2014 до 2019 година, за Атлетико одигра 257 натпревари и постигна 133 голови.
Францускиот репрезентативец во првиот мандат ја носеше седумката, која е негов заштитен знак.
Во вториот мандат тој за Атлетико ќе настапува со осумката на грбот, која ја наследи од Саул Нигез, кој се пресели во Челси.
Омилениот број на Гризман во Атлетико го носи Жоао Феликс, додека 17 со која играше во првата сезона во Барселона му припаѓа на Иван Шапоњиќ.
> Гризман ќе ја носи осумката на Саул <