Утрински Весник
Спорт

Гризман се прости од навивачите на Барса: Се дадов за овој дрес!

Гризман се прости од навивачите на Барса: Се дадов за овој дрес!
Dik 300x250 mk

Антоан Гризман летото 2019 година за 120 милиони евра од Атлетико Мадрид се пресели во Барселона. Две години подоцна оди по истиот пат, ама во спротивен правец.

Во последните минути од официјалниот летен преоден рок Французинот се враќа во Мадрид на едногодишна позајмица со право на откуп наредното лето за 40 милиони евра.

Во времето додека настапуваше за Каталонскиот клуб одигра 102 натпревари, постигна 35 гола и имаше 17 асистенции.

На Инстаграм се прости со фановите на Барса:

„Се дадов за овој дрес, бев посветен на овој голем клуб и жал ми е што не можев повеќе да уживам со вас на трибините. Но горд сум што бев еден од вас“ напиша Гризман.

View this post on Instagram

A post shared by Antoine Griezmann (@antogriezmann)

> Гризман се прости од навивачите на Барса: Се дадов за овој дрес! <

Можете да прочитате

По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика