Утрински Весник
Македонија

„Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“ – Онлајн дискусија

„Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“ – Онлајн дискусија

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – ХОПС – Опции за здрав живот денеска организира онлајн дискусија насловенаГрижата за туѓото здравје е грижа и за своето“, како дел од кампањата Support. Don,t Punish.

Зошто е потребно да постојат програмите за намалување на штети од употреба на дроги, колку животи спасуваат овие програми, дали Владата и некои од општините ќе останат на определбата за нивно финансирање, дали иницијативата на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје за зголемено финансирање на овие програми преку средствата кои Министерството за здравство ги добива од акцизите за алкохол, пиво и цигари ќе добие поддршка од министерството, се само дел од прашањата кои ќе бидат дискутирани на онлајн разговорот.

Како што е најавено, на дискусијата ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, Елеонора Панчевска Николовска, раководител на Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Секторот за јавни дејности на Град Скопје, Влатко Деков, менаџер за застапување во ХОПС, Владимир Микиќ од Институт за јавно здравје и одговорен за мониторинг на Програмите за намалување на штети и правничката и адвокатката Наташа Бошкова како модератор. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме