Единствената сигурна опклада за Греми-наградите во недела (14 март) е дека нема да личи на гламурозните спектакли од минатите години и нема да биде Зум-фест.
Одложени од јануари заради пандемијата на коронавирусот, највисоките награди во музичкиот бизнис мораа да ги преиспитаат сите аспекти на церемонијата што ја гледа целиот свет не само за настапите на музичките ѕвезди туку и за да види кој ќе ги освои наградите.
„Сè треба да се измисли повторно“, рече Мелинда Њуман, извршен уредник на „Билборд“ за Западниот брег и Нешвил.
„Луѓето навистина бараат Греми за сите оние посебни моменти што ги создадаваа со децении, без разлика дали тоа беше Бијонсе кога настапи со Принс или Елтон Џон и Еминем. Не знам дали можете да го направите тоа за време на пандемија “, додаде Њуман.
Бијонсе води со девет номинации оваа година, но, не е на списокот изведувачи објавен од новите продуценти на шоуто.
Кандидатите за албум на годината Тејлор Свифт, Дуа Липа, Карди Би, Били Ајлиш, Миранда Ламберт и Хари Стајлс ќе бидат меѓу изведувачите во недела.
Некои ќе бидат во живо, на локации во и околу Центарот за конвенции во Лос Анџелес, а некои ќе бидат претходно снимени, но ќе го нема вообичаениот црвен тепих или публика во живо од илјадници фанови, музичари и водечки лица на музичката индустрија.
Тревор Ноа, водителот на „Дејли шоу“ кој ќе го води настанот во недела, вели дека тричасовното ТВ-шоу на Си-би-ес ќе биде поразлично од сè што било видено претходно на „Греми“.