Утрински Весник
Магазин

Греми-наградите одложени за во март

Греми-наградите одложени за во март

Церемонијата на доделување „Греми“ награди во 2021 година е одложена поради сè уште присутната пандемија на коронавирус, велат организаторите.

„Греми“, една од најголемите награди во музичката индустрија, требаше да се одржи на 31 јануари.

Настанот сега ќе се одржи на 14 март, како резултат на зголемениот број на инфекции во Лос Анџелес и државата Калифорнија.

Бијонсе, Тејлор Свифт и Дуа Липа ги предводеа номинациите за наградите за оваа година, објавени во ноември.

„Ништо не е поважно од здравјето и безбедноста на оние во нашата музичка заедница и стотиците луѓе кои неуморно работат на продукција на шоуто“, се вели во соопштението на Академијата за снимање, која ги води Греми-наградите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка

Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“

Овој парфем е прогласен за најдобар женски мирис на сите времиња