Утрински Весник
Македонија

Граѓанската спортска организација ТАКТ започна кампања под мотото „ВежбајПоДома“

Граѓанската спортска организација ТАКТ започна кампања под мотото „ВежбајПоДома“

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Граѓанската спортска организација ТАКТ започна кампања под мотото „ВежбајПоДома“, со цел да ги мотивира граѓаните да бидат активни и да се грижат за сопственото здравје и во новонастанатата ситуација од пандемијата на корона вирусот.

– Со оглед на моменталната ситуација и мерките кои се однесуваат на самоизолација и повеќе време поминато дома, ТАКТ потсетува на важноста и здравствените бенефити од физичка активност која може да се адаптира и изведе и во домашни услови. Времето поминато дома треба да биде квалитетно исполнето и за вежбање не се секогаш потребни спортски реквизити. Понекогаш може да се тренира и на поинаков, креативен начин. Многу лица тренираат со предмети од покуќнината, со деца, со миленици, онлајн програми, но најважно од сè е да се има добра волја и да се одвои време за себе, наведоа од ТАКТ.

Од ТАКТ соопштија дека досега многу личности од спортската сфера се приклучиле на кампањата.

Споделете ги со нас вашите фотографии со кои ќе ги повикате сите останати да ни се приклучат. Користете го хаштагот #ВежбајПоДома #Тактмк а најдобрите фотографии ќе бидат наградени со спортска опрема, повикаа од Организацијата. см/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Граѓани чистеле црква во гостиварско Галате, по пријава од Општина Врапчиште дошла полиција

24 годишник од Македонија уапсен поради обид за грабеж во пензионерски дом во Швајцарија

Немил настан утрово во Кавадарци: Ќерка ја нападнала мајка си со тврд предмет