Утрински Весник
Македонија

Граѓани, фирми и јавни претпријатија должат 167 милиони евра за данок и други давачки

Граѓани, фирми и јавни претпријатија должат 167 милиони евра за данок и други давачки

Упрвата за јавни приходи ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.08.2020 и неплатени до 30.11.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата на должници објавени се 2.017 должници – правни лица (повеќе за 53 од претходната листа) и 2.856 физички лица (повеќе за 137 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во листата изнесува 10.325.432.212 денари (167 милиони евра) повеќе за 369.834.509 денари (6 милиони евра) од претходната листа.

Забележително е дека на листата должници има голем број јавни претпријатија. Меѓу нив се „Национални шуми“ со долг од 188 милиони денари (3 милиони евра), ЈП за одржување и заштита на регионални и магистрални патишта со долг од 180 милиони  денари (2,9 милиони евра), ЈП за комунални дејности – Гостивар со долг од 224 милиони денари (3,6 милиони евра) и Јавното комунално претпријатие Тетово со долг од 160 милиони денари (2,6 милиони евра).

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!