Утрински Весник
Економија

Граѓаните ќе добијат 5,59 милиони евра поврат на ДДВ за изминатите три месеци

УЈП ќе постави информативни пултови за мерката за поврат на ДДВ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – За јануари, феврури и март годинава на граѓаните кои скенирале фискални сметки  во текот на следниот месец ќе им бидат исплатени 343.803.953 денари или 5,59 милиони евра. Во овој период се скенирани 49.946.278 фискални сметки, остварен е промет од 21.957.355.689 денари, со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари, соопшти денеска Управата за јавни приходи.

Заклучно со вчера УЈП го заокружи  третото тримесечје од проектот Мој ДДВ.  Споредбено со првите два квартала зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ,  и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15 проценти ДДВ кај граѓаните. За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186.215.194 денари  односно 3.028.000 евра, а за второто тримесечје 233.176.601 денар или 3.791.000 евра.

Исплатата за првиот квартал годинава ќе стартува во мај. Управата за јавни приходи се уште врши исплата за првото и второто тримесечје на сите граѓани кои имале грешки во податоците, а во меѓувреме ги ажурирале. лв/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари до 31 декември да поднесат Извештај ПДД-И/ЗП

МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании